За нас

Нашата визија

Со точни и сигурни резултати да поставиме светски стандарди во здравството на Република Македонија.

Основање
АДРИАМЕД ДОО Скопје е основана во 1993 година и својот конечен облик како веледрогерија го добива на 14 Мај 1998 година.
Дејност
Основната дејност на фирмата е големопродажба и пласман на дијагностички реагенси и сервисна поддршка  на дијагностичка опрема за лаборатории во јавните и приватните здравствени установи.
Претставници
АДРИАМЕД ДОО е дистрибутер за Република Македонија за Roche Diabetes – Basel, Nihon Kohden – Japan, Ameda Labordiagnostic GmbH – Австрија, UEBE- Германија.
Тим
Нашиот тим брои 11 вработени кои се високо квалификувани и остручени за да излезат во пресрет на барањата на нашите коминтенти во секојдневната комуникација на македонски, англиски и германски јазик.
Сертификати
АДРИАМЕД ДОО е компанија која е целосно посветена на примената на квалитетот како систем на работа, истиот е од големо значење и е на највисоко ниво, за што доказ е успешно извршената имплементација на системот за управување со квалитет ISO 9001:2015 и системот за управување со животната средина ISO 14001:2015.
 

АДРИАМЕД ДОО Скопје е со седиште на ул. Виктор Иго бр.4  (после подвозникот во Црниче) со канцелариски простор од 150 m² и магацински простор од 350 m².
Високо квалитетна лабораториска опрема со високо квалитетни реагенси.
Со точни и сигурни резултати ,поставуваме светски стандарди во здравството на Република Македонија.