Ventana Symphony H&E представува единствен апарат кој овозможува целосно автоматизиран “One Touch H&E” процес, ги минимизира проблемите со ткивото како загадување и погрешно евидентирање со што воедно и ги зголемува ефикасноста, безбедноста и квалитетот. Исто така овозможува индивидуално боење на секој слајд со свежи реагенси за секој тест, овозможувајки заштита од загадување со други ткива кое може да настане во инструментите кои работат на принципот “ Dip – and – Dunk “бањи за боење. Негови особини се:
- Овозможува континуирано ставање на 500 слајдови со брзина на изработка од 160 – 200 слајда на час.
- Флексибилно ракување со апаратот со можност за ставање на STAT слајдови во било кој момент на процесот
- Симултано работење со повеќе различни протоколи.
- Ready to Use системски реагенси со можност за мониторирање на нивното ниво како и нивна континуирана замена во текот на работа.
- Xylene frее процес на работа со што се зголемува безбедноста на персоналот во лабораторијата.
- Покривање на слајдовите со стакло на кое има нанесено лепило.
- Идентификација на слајдовите преку баркод кој подржува најразлични формати.
- CareGiver софтвер кој овозможува далечинско ракување и сервисно дијагностицирање на апаратот.
- Апаратот SYMPHONY заменува три одделни апарати во мануелниот процес на работа како апарат за печење, апарат за боење и апарат за покривање со стакло, со што се автоматизира целиот процес од сушење, депарафинизација, преку боење до покривање со стакло на слајдот.