Ventana BanchMark XT представува апарат за автоматска подготовка на ткивата од најновата генерација кој ја обезбедува флексибилноста потребна за зголемување на бројот на тестови, бројот на слајдови и брзината и сето тоа без потреба од зголемување на персоналот. Негови особини се:
- Апарат за автоматска подготовка на ткивата во текот на целиот процес од печење, депарафинизација па се до боење, со можност за работа на двата методи IHC и ISH во исто време, со што се овозможува зголемување на менито на тестови кои ќе се работат како и да се процесуираат повеќе ткива, поефективно и за пократко време.
- Апаратот се состои од три модули:
- Модул за боење:во кој се креира кинетички оптимизирана средина за автоматаската подготовка на ткивата. Истиот се состои од:
- 35 позиции за реагенси
- 30 комплетно независни фиоки за слајдови во кои во било кој момент може да се додадат нови слајдови
- Можност за препознавање на слајдовите и нарачките преку баркод
- Флуиден модул:во него се сместуваат системските реагенси, мониторираат преку сензори и автоматски дистибутираат во модулот за боење.
- Модул за отпад:составен е од два резервоари за течен отпад со сензор и капацитет од 90 изработени ткива кој спречува евентуално претекување доколку персоналот не е во лабораторијата.
- Можност за поврзување и до 8 инструменти од типот Nexes Special Stains,XT и GX на еден компјутер.
- Можност за работа со баркод на слајдовите со што се намалува можноста за грешка.
- Ready To Use реагенси и нивна регистрација преку кодиран чип со што се овозможува нивна лесна идентификација по лот, сериски број и дата.
- Со користењето на овој систем се зголемува флексибилноста, квлитетот и продуктивноста:
- Флексибилноста – со можност за оптимизирање на протоколите на работа за IHC, ISH, FISH, SISH и FITC на начин кој е најсоодветен за персоналот во лабораторијата.
- Квалитетот – преку контролирана и кинетички оптимизирана средина при реакцијата се подобрува квалитетот на боењето, неговата конзизтентност и репродуцибилност.
- Продуктивноста – со автоматизацијата на целиот процес се добива и до 25% зголемување на брзината на изработка на тестовите како и до 80% намалување на мануелната работа со што персоналот е послободен за извршување на тековните обврски.
- Апаратите од производителот Ventana имаат неколку технички решенија кои се заштитени како патенти и не може да бидат користени од никој друг производител, како на пример:
- Liquid Coverslip – покривање на слајдот со специјално уље кое го заштитува од сушење, овозможува одржување на стабилна реакција внатре во покривката од уљето како и стабилност на примерокот.
- Air – Vortex Mixers – овозможува еднаква дистрибуција на реагенсот и комплетна покриеност на слајдот со што боењето е конзистентно на целиот слајд.
- Флексибилноста овозможена со Ventana BenchMark XT им овозможува на корисниците супериорни резултати преку доверлива Walk – Away автоматизација.