Ventana BanchMark GX представува апарат за автоматска подготовка и боење на ткивата од најновата генерација чии главни карактеристики се квалитетот, флексибилноста, доверливоста и продуктивноста. Негови одлики се:
- Апарат за автоматска подготовка на ткивата во текот на целиот процес од печење, депарафинизација па се до боење, со што овозможува да се зголеми менито на тестови кои ќе се работат како и да се процесуираат повеќе ткива, поефективно и за пократко време. Можност за изработка на 60 ткива во текот на денот како на пример 2 серии по 20 слајдови во текот на работното време и поставување на уште 20 во текот на ноќта.
- Апаратот се состои од три модули:
- Модул за боење:во кој се креира кинетички оптимизирана средина за автоматаската подготовка на ткивата:
- 25 позиции за реагенси
- 20 позиции за слајдови
- Можност за препознавање на слајдовите и нарачките преку баркод
- Флуиден модул:во него се сместуваат системските реагенси, мониторираат преку сензори и автоматски дистибутираат во модулот за боење.
- Модул за отпад:составен е од резервоар за течен отпад со сензор и капацитет од 60 изработени ткива кој спречува евентуално претекување доколку персоналот не е во лабораторијата.
- Можност за поврзување и до 8 инструменти од типот Nexes Special Stains,XT и GX на еден компјутер.
- Можност за работа со баркод на слајдовите со што се намалува можноста за грешка.
- Ready To Use реагенси и нивна регистрација преку кодиран чип со што се овозможува нивна лесна идентификација по лот, сериски број и дата.
- Со користењето на овој систем се зголемува флексибилноста, квлитетот и продуктивноста:
- Флексибилноста – со можност за оптимизирање на протоколите на работа за IHC, ISH, FISH, SISH и FITC на начин кој е најсоодветен за персоналот во лабораторијата.
- Квалитетот – преку контролирана и кинетички оптимизирана средина при реакцијата се подобрува квалитетот на боењето, неговата конзизтентност и репродуцибилност.
- Продуктивноста – со автоматизацијата на целиот процес се добива и до 25% зголемување на брзината на изработка на тестовите како и до 80% намалување на мануелната работа со што персоналот е послободен за извршување на тековните обврски.
- Апаратите од производителот Ventana имаат неколку технички решенија кои се заштитени како патенти и не може да бидат користени од никој друг производител, како на пример:
- Liquid Coverslip – покривање на слајдот со специјално уље кое го заштитува од сушење, овозможува одржување на стабилна реакција внатре во покривката од уљето како и стабилност на примерокот.\
- Air – Vortex Mixers – овозможува еднаква дистрибуција на реагенсот и комплетна покриеност на слајдот со што боењето е конзистентно на целиот слајд.
- Со еден збор Ventana BenchMark GX представува елегантно и софистицирано решение, идеално за преминување од мануелна или полуавтоматска работа на автоматска кое ја оптимизира целата работа во лабораторијата.