ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА
КОНТРОЛОРОТ АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ
АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ како контролор на лични податоци целосно ја заслужува Вашата доверба бидејќи посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци.
Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност.
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да не контактирате и да ни поставите прашања неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Вашите лични податоци ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци податоци „Службен весник на Република С.Македонија“ бр. 42/20.
АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ, како контролор на лични податоци, применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница.
- ПОВАЖНИ ДЕФИНИЦИИ
Политиката за приватност на АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за посетители на нашата веб страница. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите што ги користиме.
Во оваа политика за приватност, меѓу другото, ги користиме следниве поими / дефиниции:
Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
- Субјект на личните податоци
Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.
- Обработка на личните податоци
Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
- Ограничување на обработката на податоците
Ограничување на обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.
Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.
Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
За повеќе дефиниции, Ве замолуваме да прочитајте во законот.
- НАЗИВ И АДРЕСА НА КОНТРОЛОРОТ
- ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Може да го контактирате лицето Сандра Илиевска Правник - Референт за правни работи, назначено за Офицер за заштита на личните податоци (ОЗЛП), на следнава е-mail адреса
sandra.ilievska@adriamed.com.mk .
Секој посетител на оваа веб страница или друг субјект на лични податоци, може во секое време директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.
- КАКО ГИ ПРИМЕНУВАМЕ НАЧЕЛАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
- Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци
Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме исклучиво врз основа на Ваша согласност, врз основа на законска обврска, договорна обврска или за наши легитимни интереси.
- Ограничување на целта на обработката на личните податоци
Преку каналите за комуникација, Вашите лични податоци се собираат и обработуваат за да ви одговориме на прашањата и коментарите кога не контактирате. Вашите лични податоци не се предмет на натамошна обработка за цели различни од првично дефинираните.
- Ограничување на обемот на личните податоци
Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполнат целите на обработката. Обемот на личните податоци е соодветен на она што е потребно за исполнување на целите, определени подолу во оваа политика за приватност. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на Вашите лични податоци, ќе Ве информираме и ќе побараме Ваша согласност за таа дополнителна обработка.
- Точност на личните податоци
Спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, за исправка и/или бришење на неточните лични податоци кои ги обработуваме. Покрај овие мерки, Ви овозможуваме да го остварите Вашето право да побарате исправка, дополнување или бришење на личните податоци на лесен и едноставен начин.
- Ограничување на роковите на обработка на личните податоци
АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ води грижа, Вашите лични податоци да се чуваат во роковите предвидени со закон каде е дефинирано или со интерните процедури, а роковите се наведени во оваа политика за приватност и во каталогот со збирки на лични податоци. По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, Вашите лични податоци се бришат/уништуваат.
- Интегритет и доверливост на личните податоци
АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку рзличните начини, од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.
- КОЈА Е ПРАВНАТА ОСНОВА И ЦЕЛТА ЗА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, КАКО И КОИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ? КОЈ Е РОКОТ ДО КОЈ ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна;
- преку нашата email адреса за контакт: adriamed@adriamed.com.mk ;
- по телефон, и броевите наведени на страната, дадени за контакт;
- преку системот за видеонадзор, при посета на нашите деловни простории;
- при аплицирање за работа и објавен оглас.
5.1 Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци како нејзини посетители.
Нашата веб страница Ви овозможува брз контакт и директна комуникација со нас преку е-маил адресата, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат, за да одговориме на Вашите прашања и коментари. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.
При посетата на нашата интернет страна од страна на серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- Држава и град (се одредува преку IP адресата).
При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.
5.2 Во случај кога сакате да контактирате со нас на нашата електронска пошта или СМС порака, доброволно одлучувате кои лични податоци сакате да ни ги доверите (пример име и презиме, телефонски број за контакт, е-пошта). Контролорот АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ понатаму ќе го обработи вашиот e-mail и вашата електронска порака/СМС порака во согласност со содржината на барањето, и истите ќе се чуваат се до исполнување на целта за која се побарани.
5.3 Кога одлучувате да не контактирате по телефонски пат, ние не вршиме снимање на разговорот, а податоците кои се побарани и собрани од вас, се за целта и реализација на вашето барање. На овој начин ваши лични податоци не собираме, туку информацијата се дава веднаш при разговорот или Ве упатуваме кај нашите соработници.
5.4 Преку системот за вршење на видео надзор поставен во просториите на контролорот, се обработуваат следните категории на лични податоци:
- физичкиот изглед на странките кои влегуваат и излегуваат од просториите на контролорот и
- физичкиот изглед на вработените кај контролорот.
Преку видео надзорот се обработуваат лични податоци, односно податоци кои се однесуваат на идентификувано лице или на лице кое може да биде идентификувано, директно или индиректно, посебно врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице. Овие податоци се чуваат до исполнување на целта на контролорот, но не повеќе од 24 денови од денот на снимањето, по што снимките автоматски се бришат / преклопуваат со нови снимки.
5.5 Кога одлучувате да доставите ваша биографија со цел аплицирање на објавен оглас од наша страна, вие доброволно ни ги доставувате вашите лични податоци наведени во биографијата. Овие податоци се обработуваат за да се изврши селекција на кандидат, по што ќе започне процедура на вработување на кандидатот,. Може да побараме од вас согласност доколку сакате вашите податоци да ги чуваме во нашата база, со цел избор за следните огласи. Доколку не ни доставите писмено известување за согласност, ние нема да ги задржиме ваши лични податоци, подолго од 6 месеци, по што истите ќе бидат избришани од нашата евиденција.
- ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА GOOGLE ANALYTICS
На нашата веб страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб страницата.
Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.
Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета подоле. Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на корисникот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.
Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми.
Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб пребарувачот на
https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб страници. Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:
https://policies.google.com/privacy?hl=en и
https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/.
Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:
https://marketingplatform.google.com/about/analytics/.
- КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.
Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.
Со користење на колачиња, нудиме подобри услуги за посетителите и корисниците на нашата веб страница. Колачињата ни овозможуваат, да Ве препознаваме со цел да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.
Како посетител или корисник на нашата веб страница, можете во секое време да спречите поставување на колачиња со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. За подетални информации ве молиме прочитајте ја нашата
Политика за колачиња (cookies).
- ДАЛИ ВРШИМЕ ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Серверите на веб страницата АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ се наоѓаат во Холандија со што се врши пренос на личните податоци во ЕУ.
- ОБРАБОТУВАЧИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Може да користиме трети страни даватели на услуги за обработка на вашите лични податоци. Овие даватели на услуги може да се лоцирани во Македонија, во и надвор од Европската Унија (ЕУ), Европскиот економски простор (ЕЕП) или трети земји.
Ние потврдуваме дека овие обработувачи ги обработуваат личните податоци во согласност со европското законодавство за заштита на личните податоците за да гарантираат соодветно ниво на заштита на личните податоците, дури и ако личните податоци се пренесени во земја надвор од ЕЕП за која не постои одлука за соодветност на Агенцијата за заштита на личните податоци.
Преносот на личните податоци на други обработувачи не се извршува, освен во случај кога сме обврзани со закон и преку користење на веб страницата.
Контролорот АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ има склучено договори за соработка со обработувачите, со точно дефинирани цели за обработка, минимален обем на потребни лични податоци, обработка и рокови на чување, како и правила за задолжително усогласување и примена на Законот, а со цел демонстрирање на високо ниво на заштита на личните податоци.
- ДАЛИ И НА КОГО ЌЕ ГИ ОТКРИЕМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОН?
Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин.
Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа Политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.
- КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
- Право на потврда
Како субјект на лични податоци (посетител или корисник на веб страницата) имате право да добиете потврда од АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ дали ги обработуваме Вашите лични податоци.
- Право на пристап (член 19 од ЗЗЛП)
Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ за Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации:
- цел на обработката;
- категории на личните податоци;
- корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци;
- ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;
- постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци или ограничување на обработката на лични податоци;
- постоење на право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;
- кога личните податоци не се собрани од Вас, сите достапни информации за изворот на лични податоци;
- постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, и во тие случаи, релевантни информации за вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата обработка за субјектот.
Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.
- Право на исправка (член 20 од ЗЗЛП)
Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.
- Право на бришење или „Право да се биде заборавен“ (член 21 од ЗЗЛП)
Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:
- Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат;
- Сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;
- Сте приговарале на обработката;
- Обработката на личните податоци е незаконита.
- Право на ограничувања за обработка (член 22 од ЗЗЛП)
Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:
- ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;
- обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка;
- АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ нема повеќе потреба да ги обработува Вашите лични податоци, но Вам Ви се потребни за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања;
- Приговарате на обработката, во очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над Вашите интереси.
- Право нa преносливост на податоците (член 24 од ЗЗЛП)
Имате право да ги добиете вашите лични податоци, во читлив формат, со цел истите да бидат пренесени кај друг контролор, ако обработката е заснована врз основа на претходна согласност, и ако истите е автоматска. Личните податоци може директно да бидат доставени до новиот контролор (ако е тоа возможно).
- Право на приговор (член 25 од ЗЗЛП)
Право на приговор врз основа на конкретна ситуација при обработката на вашите лични податоци.
- Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
https://www.dzlp.mk/
е-mail адреса
info@privacy.mk
- Право на повлекување согласност за заштита на податоците
Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.
Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по Вашето барање за остварување на Вашите права без одлагање. За сите прашања во врска со заштитата на личните податоци, може во секое време да го контактирате офицерот за заштита на лични податоци.
- Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци? (член 26 од ЗЗЛП)
АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ не донесува поединечни одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци вклучувајќи и профилирање.
Обрасците за остварување на Вашите права наведени во оваа политика, се достапни на нашата веб страна.
- ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ОВАА ПОЛИТИКА
АДРИАМЕД ДОО СКОПЈЕ има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Во Скопје, на ден 05.10.2021 година