social image

Nihon Kohden MEK 8222 K

​Nihon Kohden MEK 8222 K е целосно автоматизиран 5 диференцијален хематолошки анализатор во зачудувачки компактен дизајн. Негови особини се:
 
  • Брзина на работа од 80 примероци на час.
  • Минимална потреба од волумен на примерок за комплетна диференцијална крвна слика од 55 µL.
  • Едноставен за ракување. Мерењето може да се активира мануелно со допир на само едно копче или автоматски со поставување на примероците на носач.
  • Системот за автоматска работа има вграден баркод и ротационен миксер.
  • Позиција и можност за задавање итни анализи ( STAT ) во секој момент од процесот.
  • Внесувањето на податоците може да се изведе мануелно на самиот апарат, преку надворешен компјутер или автоматски преку баркод.
  • Користењето на нова патентирана ласер технологија за диференцирање обезбедува висока прецизност и репродуцибилност на добиените резултати што е основа за ефикасна терапија.
  • Специјално дизајнираната патека на примерокот со две комори за мешање, две игли за работа и држач за перење на иглите ја сведуваат можноста од загадување на минимум.
  • Сигурноста во апаратот ја зголемува и вградениот програм за контрола на квалитетот преку кој во секој момент се имаат предвид перформансите на апаратот.
  • Сигурноста во количината на аспириран волумен е обезбедена со помош на манометри врз кои не влијае било какво валкање или промена во вискозноста на примерокот.
  • Минимална потреба од одржување. Можност за автоматски програмирано перење по потреба на операторот. Сите евентуални додатни работи за кои би се јавило потреба да ги изврши операторот се едноставни и се изведуваат преку софтверот со притискање на копче.
  • Автоматско перење после секое мерење кое ја намалува можноста за пренос на примерок и загадување.
  • Работи со 5 реагенси: дилуент, 2 лизери и 2 клинери. Количините кои се трошaт за едно мерење се екстремно ниски за апарат од ваков тип со што цената по тест е ниска и го прави апаратот многу атрактивен.
  • Голем број на најразлични информациони пораки кога резултатите се надвор од дозволениот опсег како на пример:
    • Leukocytosis
    • Leukopenia
    • Eruthrocytosis
    • Anemia
    • Thrombocytosis​
    • Thrombocytopenia
  • Резултатите се презентираат на LCD ( Touch Screen ) екран во боја кој реагира на допир заедно со хистограмите.
  • Можност за поставување на сопствен софтвер за превземање на податоците од апаратот и нивно понатамошно процесуирање преку персонален компјутер во самата лабораторија.
  • Можност за поврзување со друг лабораториски софтвер.