Nihon Kohden MEK 6500 e хематолошки анализатор со триделна диференцијална крвна слика со 19 параметри. Негови одлики се:
- Едноставни за ракување. Мерењето се активира со допир на само едно копче.
- Сигурноста во количината на аспириран волумен е обезбедена со помош на манометри врз кои не влијае било какво валкање или промена во вискозноста на примерокот.
- Минимална потреба од одржување. Автоматски програмирано перење после 10 мерења. Сите евентуално додатни работи за кои би се јавило потреба да ги изврши операторот се едноставни и преку софтверот со притискање на копче.
- Можност за автоматско мерење на шумот при стартување на апаратот.
- Специјално дизајнираната патека на примерокот со две комори за мешање, две игли за работа и држач за перење на иглите ја сведуваат можноста од загадување на минимум.
- Количините реагенси кои ги трошат за едно мерење се екстремно ниски со што цената по тест е ниска и ја прави оваа серија апарати многу атрактивна. Важно е да се напомене и тоа дека оваа серија на анализатори користи еколошки подобен хемолизинг реагенс без цијанид.
- Можност за дефинирање на критични вредности кои го алармираат операторот и можност за автоматско разредување.
- Екстремно широк мерен опсег за сите параметри.
- Систем за следење на нивото на реагенсите кој овозможува нивно полесно пратење и беспрекорен тек на дневната рутина.
- Заштита на податоците преку лозинка.
- Резултатите заедно со хистограмите се презентираат на релативно широк LCD (Touch Screen) екран во боја кој реагира на допир.
- Голем број на најразлични информациони пораки кога резултатите се надвор од дозволениот опсег како на пример:
- Leukocytosis
- Leukopenia
- Eruthrocytosis
- Anemia
- Thrombocytosis
- Thrombocytopenia
Технички карактеристики:
- Мерни параметри: WBC, LY%, MO%, GR%, LY, MO, GR, RBC, HGB, HCT, MCV, MCH, MCHC, RDW-SD, RDW-CV, PLT, PCT, MPV, PDW.
- Брзина на работа од 60 samples / h.
- LCD екран во боја осетлив на допир
- Два канали за мерење од кои еден за WBC/HGB (бели крвни клетки и хемоглобин) и еден за RBC/PLT (црвени крвни клетки и томбоцити)
- Минимална потреба од волумен на примерок од 30 µL.
- Меморија од 400 резултати со опција за поврзување со надворешна меморија
- Автоматска дилуција на примерок, како и можност за работа со помала дилуција или со поголема дилуција на примерокот.
- Можност за користење на три типа на реагенси и тоа:
- Автоматско отстранување на коагулум
- Можност за автоматска слепа проба
- Можност за калибрација со контролна крв или со мануелна промена на факторите
- Поседува интегрирана статистика на контроли
- Дојава на вредности надвор од референтните вредности
- Дефинирање на референтни вредности посебно за мажи, жени, деца
- Можност за поврзување на надворешен принтер
- Можност за поврзување со баркод како и интеграција со надворешен систем