social image

LightCycler® 2.0

​LightCycler® 2.0 употребете го кога имате потреба да ја осетите снагата на мултиплексирањето.  Негови карактеристики се:
 
  • Инструментот нуди мнозинство од иновативни и возбудливи карактеристики како на пример комплетно нов софтвер или додатни канали за детекција кои ги подобруваат карактистиките.
  • Оптимизирани хардверски компоненти како на пример:
    • редизајнираниот вентилатор коj овозможува брза и ултра прецизна регулација и распределба на температурата подеднакво хомогено и за мали и големи капиларки.
    • усовршена фотометриска единица која мери во 32 капиларки на 6 бранови должини за време од 5 секунди при тоа обезбедувајќи максимална осетливост и хомогеност на сигналот.
  • Употребата на капиларки од 20 и 100 µL како и баркод за каруселот со примероци го поедноставува и забрзува целокупниот процес.
  • Работа со 6 канали за детекција на 530, 560, 610, 640, 670 и 705 nm бранова должина.
  • Користи 20 µL стаклени капиларки за забрзување на циклусите.
  • Се користи за апликации како:
    • репродуцибилна и доверлива квантификација на DNA, cDNA или RNA преку технологијата на абсолутна или релативна квантификација.
    • лесна идентификација и карактеризација на PCR продуктите преку анализа на кривата на топење и тоа на два начина:
      • Genotyping Analysis
      • Tm Calling Analysis
    • Kвалитативна детекција на PCR продуктите.
    • Mултиплексни тестови кои користат HybProbe формат на детекција.
  • Квантификација на материјалот преку абсорбциони мерења.
  • Можност за In – Vitro дијагностички апликации во комбинација со In – Vitro дијагностичките китови од Roche.
  • Формати на детекција:
    • SYBR Green I
    • HybProbe за двојни и мултиплексни тестови
    • Еднобојна SimpleProbe
    • Двобојни Hidrolysis Probes
    • Други формати базирани на работа со FRET ( Fluoroscence Resonance Energy Transfer )
  • Можност за споредба и увид во податоците како за време на работата така и помеѓу две пуштања.
  • Користењето на оваа технологија ви дозволува да ги добиете резултатите за помалку од 1 час, го минимизира и скоро сведува на нула појавувањето на неспецифични продукти при реакцијата кои може да доведат до зголемен број на копии.
  • Обезбедува доверлив и широк опсег на концентрации како и голема сензитивност преку можноста за детектија на една единствена копија во 3 pg на човечка генетска DNA.