АКТИВНИ ОГЛАСИ

Комерцијалист за набавка и продажба
 
 ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО: 
 
  • Активна комуникација со постоечки и потенцијални клиенти
  • Подготвување и праќање на нарачки до странски добавувач
  • Подготовка и презентација на комерцијални понуди
  • Прием, обработка и следење на нарачки
  • Комуникација и координација со странски добавувачи
  • Следење на продажбата и реализација на поставени таргети
  • Грижа за навремена испорака и задоволство на клиентите
  • Пост-продажна поддршка и одржување долгорочни деловни односи
  • Изготвување фактури, испратници и водење комерцијална документација
  • Евиденција и анализа на постоечка залиха
  • Канцелариска работа, со повремена посета на комитенти.



 ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:  
 
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  •  Ориентираност кон продажба и резултати
  •  Способност за градење и одржување деловни односи
  •  Организираност, иницијативност и проактивен пристап
  •  Тимска работа и флексибилност
  •  Способност за работа под притисок и со рокови
  •  Високо ниво на професионалност и доверливост



 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: 
 
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција (предност)
  • Искуство во фармацевтска индустрија или веледрогерија ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на MS Office пакет
  • Познавање на систем за материјално и финансиско работење (Pantheon или слично) ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач




 Работно време од понеделник до петок од 7:30 до 15:30 во деловните простории во Скопје. 
 Работниот однос ќе се заснова на неопределено време со пробен период. 

 Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата да бидат   чувани во база на податоци и обработувани од АДРИАМЕД ДОО Скопје во рок од 6 месеци од денот на истекот на рокот за избор.  

 Кандидатите имаат право во секое време да ја повлечат дадената согласност за чување и обработка на податоците согласно Законот за заштита на лични податоци.  
 АДРИАМЕД ДОО Скопје ќе изврши избор во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати.  

 Вашето CV испратете го на e-mail: adriamed@adriamed.com.mk

 Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.