Cobas u 411

Cobas u 411 полуавтоматскиот анализатор представува вистинско прогресивно решение за менаџирање на дневната рутина во лаборатории со средна големина.
Негови одлики се: 
 
  • Со својата брзина од 600 теста на час овозможува лесен, брз и стандардизиран начин за евалуирање на лентичките за урина во вашата лабораторија со голема прецизност и доверливост.
  • Калибрационениот интервал од 4 недели ја намалува значително ангажираноста на персоналот.
  • Можност за континуирано додавање ленти за мерење и нивна автоматска детекција при внесувањето.
  • Можноста за конектирање со седимент терминал овозможува заедничко еваулирање на резултатите од микроскоп и од анализаторот.
  • Интегриран контејнер за отпад со што се одбегнува контакт со искористените ленти.
  • Лесен и прегледен за работа системски софтвер.
  • Вграден термален принтер и LCD екран кој реагира на допир.
  • Можност за поврзување со опционален баркод и надворешен лабораториски софтвер.
  • Капацитет на меморија од 1000 резултати и 300 контроли.
  • Со неговата употреба се елиминираат можностите за визуелна грешка при читањето ленти за урина.
  • Стандардизиран за работа со Combur Test лентите на производителот Roche Diagnostics со 10 параметри и минимална варијација од лот до лот.
  • Автоматската корекција на заматувањето во бојата на урината како и намалувањето на влијанието на присуството на витамин Ц, овозможено преку подобрениот квалитет на лентите, придонесуваат зголемената сигурност во резултатите.​