social image

COBAS® TaqMan® 48

Roche Diagnostics заедно со COBAS® TaqMan® 48 анализаторот се на врвот и предводници на PCR еволуцијата. Негови одлики се:
 
  • Комплетно автоматизиран Real – time PCR анализатор, кој користи затворен систем на тубици што го прави практичен и едноставен за интегрирање во вашата секојдневна лабораториска рутина.
  • Работата со затворен систем на тубици и со затворени термални блока ја намалува можноста за контаминација на примерокот.
  • Капацитетот на едно пуштање од 6 до 48 примероци овозможува флексибилност и зголемена ефикасност.
  • Двата одделни термо блока ( thermal cyclers ) со време на работа од 90 до 120 минути ја зголемуваат брзината и ја намалуваат потребата од употреба на повеќе различни платформи.
  • Real – time TaqMan PCR методата обезбедува ненадмината прецизност, супериорен линеарен опсег и можност за квалитативна и квантитативна анализа на еден ист тест.
  • Значителнo намалена потреба од процеси по завршувањето на PCR реакцијата.
  • Можност за скенирање на генетски материјал за неколку часа со минимална потреба од примерок.
  • Употреба на AMPLILINK софтвер кој е базиран на Windows платформа и лесен и прегледен за работа. Овој софтвер овозможува целосно следење на пациентот и сите процеси, графички приказ, автоматско повторување, автоматска калкулација на резултатите, автоматско принтање на резултатите, автоматско запишување на податоците ( buck – up ) за заштита од евентуално нивно губење при дефект, заштита со лозинка на сите информации и можност за поврзување со друг лабораториски софтвер.
  • Можноста за работа со помошни канали ја зголемува флексибилноста и ефикасноста овозможувајки работа со апликации дефинирани од корисникот на брза и прецизна платформа.
  • Можност за поврзуавање со Cobas AmpliPrep и избегнување на мануелната подготовка на примероците, со што целиот процес се автоматизира од подготовка до мерење.