Cobas Integra 800 e дизајниран за да помогне во намалувањето на трошоците, оптимизација на сите ресурси со неприкосновена точност и доверливост на резултатите. Негови одлики се:
- Комплетно автоматизиран биохемиски анализатор од затворен тип кој интегрира во себе 4 мерни технологии.
- Капацитетот од 855 t/h со вграден ISE модул ( Na, K, Cl, Li ) го прави овој инструмент идеален за лаборатории со средна големина.
- Интегрирањето на 4 различни мерни технологии овозможува широка палета на тестови ( од преку 150 ), со што пак се постигнува консолидација на работата на еден анализатор и зголемување на ефикасноста во самата лабораторија.
- Можност за дополнителни развојни канали за тестови за кои постои интерес да се развијат апликации од некои други производители.
- Процесот е автоматизиран до степен што апаратот може да се програмира во период од денот во кој треба да се извршат потребните дневни процедури за одржување и да биде подготвен за работа без да се губи време. Овој факт како и фактот дека процесот континуирано ( овозможен пристап до реагенсите, примероците и задавањето нарачки во секој момент од процесот ) и максимално ја подобрува ефикасноста во лабораторијата.
- Можноста за поставување на 150 примерока на апарат како и 72 различни теста ја олеснува целата работа, а воедно и го ослободува персоналот во понатамошниот дел од процесот со што ја зголемува неговата продуктивност.
- Реагенсите немаат потреба од никаква подготовка ( Ready To Use ) препознавани од страна на апаратот преку баркод при самото внесување. Сместени во ладилникот на самиот апарат со што се зголемува стабилноста на апаратот од денот на нивното отворање до 3 месеци. Фреквенцијата на калибрацијата за поголемиот дел од реагенсите се врши со промена на лот со што трошоците значително се намалуваат.
- Важно е да се напомене и уникатно патентираната алатка за организирање на реагенсите која може да подреди по лот и тип преку 150 касети реагенси во систем кој е лесен за работа и кој воедно може да се смести во било кој лабораториски фрижидер. Со оваа алатка се продолжува векот на реагенсите и до 6 месеци по отворањето.
- За сигурноста на резултатите во секој момент од процесот покрај зголемената стабилност на реагенсите и калибрациите придонесува и системот за детекција на ниво и системот за детекција на коагулум (Clot Detection).
- Можност за работа со мал волумен на примерок од 2 до 10 µL го прави овој апарат идеален за педијатриски установи.
- Можност за работа со следниве видови примероци:
- Серум
- Плазма
- Урина
- Ликвор
- Полна Крв
- Системскиот софтвер е лесен и прегледен за работа, базиран на платформа на работа на Windows XP.