social image

COBAS INTEGRA® 400 plus

​Cobas Integra® 400 Plus analyzer е брз, економичен, доверлив, едноставен за работа со еден збор број еден во својата класа. Негови одлики се:
 
  • Комплетно автоматизиран биохемиски анализатор од затворен тип кој интегрира во себе 4 мерни технологии.
  • Капацитетот од 400 t/h со вграден ISE модул (Na, K, Cl, Li) го прави овој инструмент идеален за лаборатории со средна големина.
  • Интегрирањето на 4 различни мерни технологии овозможува многу широка палета на тестови (од преку 140), со што пак се постигнува консолидација на работата на еден анализатор и зголемување на ефикасноста во самата лабораторија.
  • Процесот е автоматизиран до степен што апаратот може да се програмира во кој период од денот треба да ги изврши потребните дневни процедури за одржување и да биде подготвен за работа без непотребно губење време. Овој факт како и фактот дека процесот е целосно континуиран (овозможен пристап до реагенсите, примероците и задавањето нарачки во секој момент од процесот) максимално ја подобрува ефикасноста во лабораторијата.
  • Реагенсите немаат потреба од никаква подготовка (Ready To Use) препознаени се од апаратот преку баркод при самото внесување.Тие се сместени во ладилник на самиот апарат со што се зголемува нивната стабилност од денот на нивното отворање  до 3 месеци. Фреквенцијата на калибрацијата за поголемиот дел од реагенсите е на промена на лот при што трошоците значително се намалуваат.
  • Во сигурноста во резултатите во секој момент од процесот покрај зголемената стабилност на реагенсите и калибрациите придонесува и системот за детекција на ниво и системот за детекција на коагулум (Clot Detection).
  • Можност за работа со следниве видови примероци:
    • Серум​
    • Плазма
    • Урина
    • Ликвор
    • Полна Крв
  • ​Системскиот софтвер е лесен и прегледен за работа, базиран на платформа на работа на Windows XP.