Cobas h232 е систем кој е секогаш при рака, спремен за работа и со минимална потреба од ракување доаѓаме до резултат.
Негови одлики се:
- Овој систем овозможува брзо и лесно добивање кардиолошки резултати на самото место во интензивните неги во период од 8 до 12 минути.
- Едноставно и брзо стартување на мерењето.
- Автоматската калибрација и минималната потреба од одржување го прави подготвен за работа во секој момент.
- Неговиот дизајн го прави доста флексибилен и може лесно да се преместува и користи на лице место во одделите каде е потребен брз и точен резултат.
- Обезбедува резултати кои се компатабилни со резултатите на најсовременети автоматски анализатори од програмата на Roche Diagnostics.
- Можност за работа со батерии и изведување 10 мерења при полна батерија.
- Широки мерни опсези за параметрите.
- Меморија од 500 резултати и 200 кодови за лентите.
- Работи со 150 µL хепаризирана венска крв.
- Едноставен софтвер за ракување како и можност за поврзување со надворешен софтвер.