Cobas e 411 е наследник на Elecssys 2010 кој е еден од најуспешните имунолошки анализатори било кога произведени. Негови одлики се:
- Комплетно автоматизиран имунолошки анализатор со капацитет од 88 t/h.
- Најкратко време за добивање на краен резултат од сите имунолошки анализатори помеѓу 9 и 18 минути. Ова е како резултат на методата на мерење која е електрохемолуминисценција ECL, која исто така овозможува и поширок опсег на мерење, поголема сензитивност и потреба од помала количина на серум.
- Можност за континуирано додавање на примероци во секој момент од процесот.
- Можност за задавање итни примероци под STAT.
- Единствен концепт на програмирање само со поставување на реагенсите, калибраторите, контролите и серумите на апарат и негово стартување. При самиот старт апаратот ги препознава преку баркодот и започнува со работа. Ваквата можност ја зголемува ефикасноста во самата лаборатоија.
- Широка палета на тестови од преку 75 кои овозможуваат покривање на 7 различни области за индикација. Пожелно е да се напомене дека, за разлика од некои апарати, нема потреба од никаква селективност по индикациони области при задавањето тестови.
- Реагенсите се немаат потреба од никаква подготовка ( Ready To Use ) тие се сместени на диск и со контрола на темературата.
- Во текот на работата при секое пипетирање реагенсите се отвараат и затвораат автоматски при што се заштитени од надворешни влијанија во секој момент од процесот.
- Ваквата можност како и контролата на температурата ја зголемуваат трајноста на реагенсите на апарат до 60 дена дури и за најосетливите тестови.
- Големата стабилност на калибрацијата на промена на лот ги намалува значително трошоците.
- Во сигурноста на резултатите во секој момент од процесот покрај зголемената стабилност на реагенсите и калибрациите придонесува и системот за детекција на ниво и за детекција на коагулум ( Clot Detection ).
- Можноста од пренос на примерок и загадување е сведена на минимум со употребата на посебни пипетори за една употреба при секое пипетирање на серум или реагенс. Ова е уште еден факт кој ја зголемува сигурноста во резултатите.
- Можност за работа со серум, плазма и урина.
- Системскиот софтвер е усовршен и стандардизиран со сите Cobas платформи. Перформансите на PC – то се значително подобрени во однос на Elecsys 2010. Впрочем тука се направени и најголемите промени во однос на Elecsys 2010 кои се со цел да се поедностави целиот систем и да се доближи до корисникот.