Cobas c 311

Cobas c 311 ја продолжува традицијата на Roche / Hitachi анализаторите поточно Roche / Hitachi 902 еден од нaјстабилните и најбараните биохемиски анализатори било кога произведени. Се одликува со:
 
  • Комплетно автоматизиран биохемиски анализатор од затворен тип кој интегрира во себе 4 мерни технологии.
  • Капацитетот од 300 t/h со вграден ISE модул (Na, K, Cl, Li) го прави овој инструмент идеален за лаборатории со средна големина.
  • Интегрирањето на 4 различни мерни технологии овозможува многу широка палета на тестови (од преку 120), со што пак се постигнува консолидација на работата на еден анализатор и зголемување на ефикасноста во самата лабораторија.
  • Можност за поставување 108 примероци со континуиран пристап.
  • Процесот е автоматизиран до степен што апаратот може да се програмира во кој период од денот треба да ги изврши потребните дневни процедури за одржување и да биде подготвен за работа без непотребно губење време. Овој факт како и фактот дека процесот е целосно континуиран (овозможен пристап до реагенсите, примероците и задавањето нарачки во секој момент од процесот) максимално ја подобрува ефикасноста во лабораторијата.
  • Реагенсите немаат потреба од никаква подготовка (Ready To Use)и се препознаени од страна на апаратот преку баркод при самото внесување. Тие се сместени во ладилник на самиот апарат со што се зголемува нивната стабилност од денот на нивното отворање па до 3 месеци. Фреквенцијата на калибрацијата за поголемиот дел од реагенсите е на промена на лот со што трошоците значително се намалуваат.
  • Во сигурноста на резултатите во секој момент од процесот покрај зголемената стабилност на реагенсите и калибрациите придонесува и системот за детекција на ниво, системот за детекција на коагулум (Clot Detection), како и бесконтактната  ултрасонична мешалка која ја намалува можноста од загадување.
  • Можност за работа со следниве видови примероци:
    1. Серум
    2. Плазма
    3. Урина
    4. Ликвор
    5. Полна Крв