social image

Cobas c 111

​Cobas c 111 наследникот на незаменливата Cobas Mira е компактен систем дизајниран и предвиден за мали и приватни лаборатории за сите неопходни тестирања. Се одликува со:

  • Комплетно автоматизиран биохемиски анализатор од затворен тип кој интегрира во себе 3 мерни технологии.
  • Капацитетот од 100 t/h со вграден ISE модул ( Na, K, Cl ) како и неговата компактна изведба го прави овој инструмент идеален за мали и приватни лаборатории, интензивна нега, а и како помошен апарат во секоја поголема лабораторија. Негова предност за ваков тип на лаборатории е стартување  пократко време  и  брзо добивање на прв резултат.
  • Интегрирањето на 3 различни мерни технологии овозможува широка палета на тестови, со што пак се постигнува консолидација на работата на еден анализатор и зголемување на ефикасноста во самата лабораторија. Важно е да се напомене дека се користат истите реагенси ( само различно пакување ) како сите останати апарати од платформата Cobas.
  • Процесот на задавање нарачки и додавање примероци е континуиран, а потребата од оддржување е сведена на минимум, а воедно и автоматизирана со што се зголемува ефикасноста во лабораторијата.
  • Можност за задавање итни примероци под STAT.
  • Реагенсите немаат потреба од никаква подготовка ( Ready To Use ) и се препознаени од страна на апаратот преку надворешен баркод при самото внесување. Тие се сместени во ладилник на самиот апарат со што се зголемува нивната стабилност од денот на нивното отворање  до 6 недели. Фреквенцијата на калибрацијата за поголемиот дел од реагенсите е со промена на лот со што трошоците значително се намалуваат.
  • Во сигурноста во резултатите во секој момент од процесот покрај зголемената стабилност на реагенсите и калибрациите придонесува и системот за детекција на ниво.
  • За повеќето од апликациите потребни се по 5 uL примерок.
  • Можност за работа со следниве видови примероци: ​
    • Серум
    • Плазма
    • Урина
    • Полна Крв
  • Системскиот софтвер е лесен и прегледен за работа преку LCD екран кој реагира на допир ( Touch Screen). Овозможува лесно ракување за време на дневната рутина, а исто така овозможува и пософистицирани алатки за понапредните корисници.