Cobas® AmpliPrep системот ја заменува рачната подготовка за PCR со автоматска подготовка која овозможува роботска прецизност. Негови одлики се:
- Комплетно автоматизиран систем за подготовка кој во комбинација со тестовите целосно го автоматизира целиот процес на екстракција на примероците како за квалитативно така и за квантитативно испитување. Мануелните чекори се лимитирани на ставање на примероците и реагенсите на апарат.
- Можност за употреба за дијагностичко следење на пациентите, а воедно и за скрининг на донаторска крв во таканаречени донаторски базени.
- Можност за поставување на 72 примероци и 4 различни апликации во исто време на апаратот.
- Реагенсите се запечатени, спремни за работа ( Ready to Use ) и при самото внесување апаратот го чита нивниот баркод со што се веднаш спремни за употреба. Со ова се избегнува било каква грешка која може да се појави при мануелната подготовка.
- Реагенсите и примероците може континуирано да се додаваат во текот на работата без да се прекине процесот.
- Користењето на SPU системот за пипетирање ( System Processing Unit) која е за една употреба го намалува загадувањето на примероците меѓу себе во текот на работата.
- Во апаратот е имплементиран систем за обезбедување на интегритет на волуменот на пипетирање на примерок и реагенс. Ефикасноста и сигурноста на резултатите е дополнително зголемена и преку системот за детекција на примерок ( Clot Detection ).
- Употреба на AMPLILINK софтвер кој е базиран на Windows платформа и лесен и прегледен за работа. Овој софтвер овозможува целосно следење на пациентот и сите процеси врзани за него, графички приказ, автоматско повторување, автоматска калкулација на резултатите, автоматско принтање на резултатите, автоматско запишување на податоците ( buck – up ) за заштита од евентуално нивно губење при дефект, заштита со лозинка на сите информации и можност за поврзување со друг лабораториски софтвер.
- Можностa за поврзуавање со Cobas TaqMan 48 го автоматизира целиот процес од подготовка на примероците па се до инкубација и мерење.