social image

Cobas 6000

​Cobas® 6000 модуларна платформа направена по мерка на основните лабораториски потреби со флексибилност која може да се надградува. Негови одлики се:
  • Комплетно автоматизирана модуларна платформа која во себе може да интегрира неколку биохемиски и имунолошки анализатори од типот Cobas c 501 и Cobas e 601.
  • Капацитетот на работа зависи од типот на комбинацијата која ќе се избере. Можни се седум различни видови на комбинации чиј капацитет се движи од 170 t/h до 2170 t/h.
  • Со оваа модуларна платформа ефикасноста се доведува на скоро идеално ниво. На неа може да се консолидира повеќе од 95% од рутинската работа во клиничката биохемија и имунологија.
  • Широка палета на тестови од околу 160 најразлични тестови
  • Зголемена доверливост преку употреба на уникатниот концепт на реагенси cobas c и cobas e кои се спремни за употреба без никаква претходна подготовка и со значително подобрена стабилност на апратот од 3 месеци. Вредно е да се напомене дека за преку 90% од тестовите калибрацијата е на промена на лот.
  • Cobas 6000 имплементира 4 различни мерни технолгии:
    • ElectroChemLuminiscence ECL
    • ABS Photometry
    • Homogeneous Immunoassay
    • ISE
  • Само Cobas e 601 модулот има капацитет од 170 t/h и палета од преку 60 различни тестови.Можноста од загадување е сведена на минимум со користење пипети за една употреба при секое пипетирање. На апаратот може да се најдат 25 различни теста. Зголемена сигурност во резултатите преку вградените сензори за детекција на коагулум ( Clot Detection ) и за детектирање на ниво на течност ( Level Detection ).
  • Во текот на работата при секое пипетирање реагенсите се отвараат и затвораат автоматски што ги штити од надворешни влијанија во секој момент од процесот.
  • Најкратко време за излегување краен резултат за имунолошки анализи од сите познати анализатори помеѓу 9 и 18 минути. Ова е како резултат на методата на мерење која е електрохемолуминисценција ECL. Таа исто така овозможува и поширок опсег на мерење, поголема сензитивност и потреба од помала количина на серум.
  • Cobas c 501 има капацитет од 1000 t/h, можност за исторемено поставување на 60 различни теста на апарат, можност за автоматско додавање реагенси во текот на работата, детекција на коагулум ( Clot Detection ) и детекција на ниво на течност ( Level Detection ) како и бесконтактна ултрасонична мешалка која ја намалува можноста од загадување.
  • Капацитетот на примероците кои може да се постават истовремено на апарат е 150, а воедно има и посебна позиција за носачи за итни ( STAT) анализи.
  • Можност за континуирано додавање на примероци во секој момент од процесот.
  • Можност за задавање итни примероци под STAT.
  • Оптималниот проток на работа при континуираното додавање се постигнува со користење на новата технологија Smart Track Rotor, ротор на кој се поставуваат примероците и кој е директно контролиран од софтвер за таа намена IPM ( Intelegent Process management )
  • Можност за работа со следниве видови примероци:
    • Серум
    • Плазма
    • Урина
    • Ликвор
    • Полна Крв
  • Зголемена безбедност на податоците, пристап до сите најнови информации за реагенсите, калибраторите и контролите како и дополнителна сервисна поддршка во секој момент е обезбедена преку cobas link и cobas e-services услугите вградени во системскиот софтвер.
  • Системскиот софтвер е лесен и прегледен за работа, базиран на платформа на работа на Windows XP.