social image

BenchMark ULTRA

​BеnchMark ULTRA е автоматизиран IHC/ISH систем за боење на слајдови. BenchMark ULTRA платформата ја зголемува продуктивноста на лабораторијата и е наменета за рана дијагностика на ракот. BenchMark ULTRA е целосно интегрирано решение за боење на ткивото и овозожува одлична ефикасност во лабораторијата преку континуирана и приоритетна обработка на примероците. Негови одлики се:
 
  • 30 позиции за поставување слајдови и 35 реагенси;
  • Одделни фиоки за поставување на секој слајд со постојан пристап што го олеснува поставувањето на примероците со што ја подобрува брзината на работа;
  • Капацитет за процесирање до 90 слајда за период од 8 часа и/или 120 слајда преку ноќ;
  • Можност за работа на IHC, ISH, SISH, Dual Stain, и  FITC процесирање на слајдови и титрација  симултано;
  • Ultimate Reagent Access (URA) кој овозожува постојан пристап до реагенсите;
  • Подобрен и поедноставен софтвер со одлични визуелни знаци;
  • Оптимизиран протокол кој овозможува определување на различен период и температура за инкубација;
  • Можност за празнење на отпадот во било кој момент без да се прекине процесот на работа; 
  • Можност за  додавање на раствори и празнење на отпадот во било кој момент без да се прекине процесот на работа;
  • CareGiver далечинска поддршка;