Visocor OM50

Visocor OM50 апарат за надлактично мерење на крвен притисок.
 
  • Наменет е за мерење на крвен притисок и пулс на надлактица, кај лица од 15 години и повеќе.
  • Се препорачува на пациенти со нестабилен крвен притисок, за мерење на нивниот крвен притисок во домашни услови и како тераписка подршка.
  • Visocor OM50 користи осцилометриски метод за мерење на крвен притисок и пулс.
  • Двојно перфорирана удоба манжетна  може лесно да се прицврсти и совршено се вклопува за време на мерењето.
  • Користејќи ги варијациите на притисок предизвикани од пулсот при пад на притисокот во манжетна, микро-компјутерот ги пресметува вредностите на систолата, дијастолата и пулсот. Потоа, манжетната комплетно се издишува.
  • Во секој апарат се меморираат мерните вредности од последните 60 резултати.