LightCycler® 2.0 употребете го кога имате потреба да ја осетите снагата на мултиплексирањето. Негови карактеристики се:
- Инструментот нуди мнозинство од иновативни и возбудливи карактеристики како на пример комплетно нов софтвер или додатни канали за детекција кои ги подобруваат карактистиките.
- Оптимизирани хардверски компоненти како на пример:
- редизајнираниот вентилатор коj овозможува брза и ултра прецизна регулација и распределба на температурата подеднакво хомогено и за мали и големи капиларки.
- усовршена фотометриска единица која мери во 32 капиларки на 6 бранови должини за време од 5 секунди при тоа обезбедувајќи максимална осетливост и хомогеност на сигналот.
- Употребата на капиларки од 20 и 100 µL како и баркод за каруселот со примероци го поедноставува и забрзува целокупниот процес.
- Работа со 6 канали за детекција на 530, 560, 610, 640, 670 и 705 nm бранова должина.
- Користи 20 µL стаклени капиларки за забрзување на циклусите.
- Се користи за апликации како:
- репродуцибилна и доверлива квантификација на DNA, cDNA или RNA преку технологијата на абсолутна или релативна квантификација.
- лесна идентификација и карактеризација на PCR продуктите преку анализа на кривата на топење и тоа на два начина:
- Genotyping Analysis
- Tm Calling Analysis
- Kвалитативна детекција на PCR продуктите.
- Mултиплексни тестови кои користат HybProbe формат на детекција.
- Квантификација на материјалот преку абсорбциони мерења.
- Можност за In – Vitro дијагностички апликации во комбинација со In – Vitro дијагностичките китови од Roche.
- Формати на детекција:
- SYBR Green I
- HybProbe за двојни и мултиплексни тестови
- Еднобојна SimpleProbe
- Двобојни Hidrolysis Probes
- Други формати базирани на работа со FRET ( Fluoroscence Resonance Energy Transfer )
- Можност за споредба и увид во податоците како за време на работата така и помеѓу две пуштања.
- Користењето на оваа технологија ви дозволува да ги добиете резултатите за помалку од 1 час, го минимизира и скоро сведува на нула појавувањето на неспецифични продукти при реакцијата кои може да доведат до зголемен број на копии.
- Обезбедува доверлив и широк опсег на концентрации како и голема сензитивност преку можноста за детектија на една единствена копија во 3 pg на човечка генетска DNA.