Cobas® 4000 серија на анализатори во која спаѓаат cobas c 311 и cobas e 411 анализаторите е интегрален член на cobas модуларните платформи и преставува целосно решение за лаборатории со средна големина. Негови особини се:
- Со оваа модуларна платформа се поедноставува логистиката, а воедно и ефикасноста се доведува на скоро идеално ниво. На неа може да се консолидира повеќе од 95% од рутинската работа во клиничката биохемија и имунологија.
- Широка палета на тестови од околу 190 најразлични тестови
- Зголемена доверливост преку употреба на уникатниот концепт на реагенси cobas c и cobas e кои се спремни за употреба без никаква претходна подготовка и со значително подобрена стабилност на апратот од 3 месеци. Вредно е да се напомене дека за преку 90% од тестовите калибрацијата е на промена на лот.
- cobas® 4000 системот имплементира 4 различни мерни технолгии:
- ElectroChemLuminiscence ECL
- ABS Photometry
- Homogeneous Immunoassay
- ISE
- Можност за работа со следниве видови примероци:
- Серум
- Плазма
- Урина
- Ликвор
- Полна Крв
- Доверливи и компатибилни резултати од еден ист производител.
- Зголемената безбедност на податоците, пристапот до сите најнови информации за реагенсите, калибраторите и контролите како и дополнителната сервисна поддршка во секој момент обезбедена преку cobas link и cobas e-services услугите кои се вградени во системскиот софтвер.
- Овозможува поголема флексибилност на персоналот и пократка и поедноставна обука.